Радио Милева

Дарко Спејко влегува во „Задруга 4“?

Дарко Спејко влегува во „Задруга 4“?

Реалните шоуа како што се „Парови“, „Задруга“… и други станаа дел од секојдневието, а регионалните медиуми се преполни со вести со она што се случува во едно реално шоу, а телевизиите бележат огромен рејтинг кога станува збор за овој вид на програма.

Едно од најпопуларните реални шоуа во регионот е „Задруга“, а од септември ќе стартува четвртата сезона.

Во претходната сезона односно во „Задруга 3“, имавме и македонски преставник односно кумановецот Дарко Спејко.

Дарко во ова реално шоу беше околу еден месец.

„Малку сум среќен што излегов. Ќе бидам искрен, не бев толку силен зад “црната маса“ како што очекував дека ќе бидам. И да останев, ќе останев уште еден месец. Во претходното реално шоу беше потполно различно“  изјави Спејко по излегувањето од шоуто.

Четвртото продолжение на „Задруга“ почнува во септември, а како што пишуваат српските медиуми, меѓу учесниците ќе бидат Станија Добројевиќ, Луна Ѓогани, Кристијан Голубовиќ, Мики Ѓуричиќ, Миљана и Марија Кулиќ…па дури се шпекулираше дека и Романа Паниќ ќе влезе во Задруга.

Меѓутоа, дали и Дарко Спејко повторно ќе бидел дел од ова реално шоу?

фото: Инстаграм

Имено, на Инстаграм профилот на „Zadruga4news“ пишува дека Дарко Спејко ќе влезе во „Задруга 4.

„И Спејко влегува во Задруга 4“, со среќа“, пишува во описот на фотографијата.


Од друга страна пак, на прашањето за следбениците кој ќе биде нивниот фаворит во новата сезона, одговорот беше Дарко Спејко, a кумановецот оваа објава ја реобјави на својот „Инстаграм“ и на некој начин потврди дека ќе биде дел од случувањата на „Задруга“.

фото: Инстаграм

Кога точно ќе влезе Спејко во реалното шоу не знаеме, па останува да видиме како овој пат ќе се претстави пред ТВ екраните.

Инаку, Дарко неодамна стана директор на кошаркарски клуб во родното Куманово.

Потсетуваме, кумановецот во 2015 година победи во „Големиот брат“.

To top