Водителот Огњен Амиџиќ доби улога во серијата која ќе се снима за починатата пејачка Јелена Марјановиќ.
Во серијата „Пејачка“ ќе се зборува за случајот на трагично убиената Јелена чие убиство се уште не е разрешено.
Во улога на Јелена ќе се најде младата пејачката Милица Павловиќ, во улогата на сопругот на Јелена, Зоран ќе се најде Вук Костиќ, додека Огњен Амиџиќ ќе се најде во улога на самиот себе.
„Ми се јавија и со задоволство ја прифатив улогата. Воодушевен сум со идејата на Гаги Антонијевиќ. Сакам нови работи, едвај чекам да се појавам како актер во таа серија“ вели водителот и додава:
„Ќе се глумам самиот себе и тоа нема да ми падне тешко. За серијата ќе ја искористиме сценографијата на мојата емисија. Покрај Милица, која ја игра Јелена ќе имам уште гости. Чекам да ми го пратат сценариото, па тогаш ќе им предложам неколку естрадни ѕвезди кои може да се најдат во кадар покрај Милица. Би сакал тоа да бидат млади луѓе. Околу сите детали ќе се договорам овие денови“ вели водителот.
Екипата на серијата бара уште три пејачки кои би биле гости кај Огњен, а како што пишуваат српските медиуми во екипата размислува да ги повика Милица Тодоровиќ, Кија Коцкар, Сандра Африка Теодора Џехверовиќ и Катарина Живковиќ.