Синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин Бекам неодамна се сврши со неговата избраничка Никола Пелц.
Тие се верија по 9 месечна врска, а Викторија и Дејвид ја одобрија нивната врска.
Британските медиуми сега пак тврдат дека Никола и Бруклин ќе станат родители, а Дејвид и Викторија ќе добијат внуче.
View this post on Instagram
„Иако на почетокот се спротивставуваа на оваа врска, Викторија и Дејвид им дадоа благослов кога дознаа дека ќе се венчаат“, вели пријател на семејството.
Друг пријател тврди дека Викторија и Дејвид се подготуваат за улогата на баба и дедо и дека поради тоа многу се возбудени.
„Мислам дека е бремена и мислам дека парот ќе добие внуче“ пишува во коментар на една фотографија која ја објави Никола.
View this post on Instagram
Како што шпекулираат британските медиуми, идната снаа на Бекамови е при крајот на првото трисмесечие од бременоста.
Досега, семејството Бекамови не се огласи ниту да ги потврди ниту демантира овие пишувања.