Исидора Бјелица по долго и тешко боледување почина на 5 август од опасната болест.
„Знаевме дека тип на канцер е опасен и дека не се добри прогнозите. Чудо е што воопшто успеа да издржи осум години. Многу сме и благодарни што се бореше да биде подолго време со нас“, изјави синот на авторката, Лав Пајкиќ.
„Се подготвувавме за ваков момент, но никој не е подготвен за вакво нешто. Зборувавме за овој момент, но ние кои и бевме најблиски не можевме да прифатиме едно вакво сценарио. Го отфрлувавме и мислевме дека е нереално“, вели Лав.
Од друга страна, долгогодишната пријателка на Исидора, Јована Хисмајер се потсети на последната средба со писателката.
„Исидора последен пат ја видов повеќе од еден месец. Дури ни тогаш, кога беше во толку лоша состојба не сакав да верувам дека последен пат сме една покрај друга. Се сеќавам на нејзините раце, секогаш ме фасцинираа нејзините нежни раце кои напишаа толку многу книги. Тогаш се уште беа нежни, како на некое девојче“, раскажува соработничката на Исидора.
„Беше физички слаба, но нејзиниот дух и бистар ум воопшто не се променија. Тие неколку дена, во попладневните часови, господинот Пајиќ и јас бевме покрај неа додека не заспие, а потоа излегувавме во ресторан и плачевме како да нема гости и луѓе околу нас“, вели Јована.
Потсетуваме, на Исидора во 2012 и беше дијагностициран рак, а по долго и тешко боледување, познатата актерка за жал ја изгуби битката на 52 години.