Овој петок продолжуваат веќе традиционалните забави под мотото Intermezzo Music Rituals. Така, петокот (14 август) овој пат е резервиран за хаус звуците и гостувањето на одличниот Вук Смиљаниќ. Вук важи за еден од носителите на белградската музичка сцена. Тој е диџеј и продуцент и долгогодишен резидент во култните клубови: Младост, Гадост, Кучица и Ласта Градски Сплав.
Смиљаниќ со себе ќе го донесе вајбот на белградската денс култура, па затоа дружбата со него е нешто што не смее да се пропушти. Се вели, не дозволувајте да ви раскажуваат и бидете дел од најдобрите Intermezzo Music Rituals забави кои продолжуваат да се етаблираат како симбол на нашиот град и ја претставуваат нашата земја како културно катче на мапата на европските случувања. Приказната не завршува тука, ново име не очекува и следниот петок за кога е закажано уште едно музичко патување и продолжение на летната сезона.
„Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ“ – велат од единствениот музички бар на нашите простори.