Ведриот дух и позитивната енергија не ја напуштија македонската пејачка Калиопи ни во оние денови кога имаше вонредна состојба, карантин и буквално со денови бевме затворени дома.
И додека траше вонредната, Калиопи и нејзиниот тим беа креативни па најдоа начин како да ги располажат фановите.
Пејачката често се вклучуваше во живо на социјалните мрежи, пееше со своите фанови, поразговара со некои колеги од регионот, но и организираше „Калиопи фан арт“.
Откако се олабавија мерките и се отворија границите, некои од македонските јавни личности ги спакуваа куферите и на кратко заминаа на одмор онаму каде можеа слободно да патуваат.
Бидејќи естрадните уметници се уште не настапуваат, Опи одлучи времето да го искористи да се релаксира и да ги наполни батериите за нови активности.
Имено, додека некои од нашите познати уживаат во Охрид, Маврово, Дојран, Калиопи ги полни батериите во Турција.
Пејачката од таму снимаше неколку кадри од плажа кои ги сподели на социјалните мрежи, а во описот на истите напиша и силна порака:
„И за време на пандемијата не губете ја смислата на животот кој треба да продолжи…Јас се инспирирам да извлечам што претстои од ова, без оглед на условите….затоа што истите правила важат за сите…за добро или за лошо..“ пишува Опи на едната фотографија.
„Јас ја споделувам мојата инспирација со вас…. не е важно каде сум, не е важно каде сте…во нашиот ум ние може да бидеме заедно“, вели пејачката на објавата плажа.
Меѓутоа, Опи сподели и фотографија во бикини односно го покажа само горниот дел од телото во костим за капење и како ги полни батериите на сонце, а нејзината позитивна енергија е дел од нејзинито секојдневие.
Но, на последната објава на својот „Инстаграм, македонската пејачка блеска со широка насмевка на лицето.
Имено, таа објави неколку фотографии на кои блеска од „шестка до шестка“ што би се рекло народски, а во описот напиша: „Со насмевка против се’“.
View this post on Instagram
Се надеваме дека македонската пејачка со одлични вокални способности ги наполнила батериите, но и дека ќе дојде и на крај пандемијата и наскоро ќе може да се врати на настапите.