Пејачката Романа Паниќ на 25 јуни оваа година беше уапсена поради ограбзување на банкомати во Брезбејн, Австралија.
На 1 август таа излезе на условна слобода, а како што дознава курир.рс пејачката е депортирана за Србија и наскоро треба да пристигне во својот дом во Белград.
Потсетуваме, пејачката е осудена на една година затвор, а по три месеци имаше право да излезе на условна слобода. Бидејќи примерно се однесувала во затворот, Паниќ излезе на 1 август.
По излегувањето од затворот таа беше сместена во центар за мигранти, а нејзиното момче се уште е во затвор.