Музичкиот продуцент Ноел Кристофер Фишер е упасен наводно поради сексуални напади, вели шериф од Лос Анџелес.
Продуцентот, познат како Дитејал продуцираше многу хитови за мега sвездата Бијонсе (38) и раперот Лил Вејн, како и за други познати музичари, а се истакна кога освоија Греми за песната „Drunk In Love“ на Бијонсе, за најдобар ар-ен-би песна и за најдобра ар-ен-би изведбана сцената за 2015 година.
Како што пренесуваат странските медиуми, тој е обивинет за 15 сексуални напади кои наводно се случиле меѓу 2010 и 2018 година.
Минатата година една манекенка и пејачка победила во судската постапка вредна 15 милиони долари во Лос Анџелес, кога го обвини за силување и злоупотреба.