Српската фолк пејачка Јасна Миленковиќ – Јами ја започна својата кариера во 90-тите. Оваа пејачка се сметаше за една од најпосакуваните и нејзината убавина инспирираше многу мажи.
Сепак, пред неколку години Јами реши да направи неколку различни естетски интервенции на лицето, а денес, како што многумина велат, таа не личи на себе.
Лицето на Јами е видливо различно, освен тоа што образите и се пополнети, се чини дека ги затегала и очните капаци, иако спротивно на тоа, пејачката тврди дека немала никаква операција на лицето, па дури не го инјектирала ниту со ботокс.
„Тоа што се грижам за себе и дека не сакам да стареам природно, е мој избор. Не ум ставала ботокс, не ми се допаѓа, туку само хијалуронска киселина. Зошто е проблем да кажам дека го направив тоа, ако може да види?“ – изјави Јами за локалните медиуми.