Се чини дека стана речиси секојдневна појава познатите личности да бидат мета на крадците. Последниот во низата беше директорот на Гранд продукција, Саша Поповиќ. По него и пејачот Ацо Пејовиќ призна дека и тој поминал низ истото.
При гостувањето во утринската програма на Прва телевизија, пејачот спомена дека тој бил цел на крадци кои ги ограбиле и опустошиле неговите лозови насади.
„Го украле целото грозје, ми ги искорнале сите лози и го опустошиле целото лозје. Штетата е огромна, стопостотна“ – признал пејачот кој наскоро ќе биде сведок на венчавката на Александра Пријовиќ и Филип Живојновиќ, од моминската страна.