Македонската пејачка Елена Ристеска музиката ја стави во втор план, па започна нов сопствен бизнис.
Имено, како што е познато, Ристеска неодама лансираше машки и женски парфем од својата „ERA“ колекција.
По лансирањето на парфемот, Ристека започна и онлајн продажба на истиот.
Пејачката беше дарежлива кон своите колеги од јавната сцена, па на повеќето им испрати подарок од нејзиниот парфем, а тие јавно и се заблагодарија.
Меѓутоа, деновиве Елена има посебна причина да биде и горда и среќна.
Имено, таа ја објави првата реклама за својот парфем, а која е снимена во Мајами и во Македонија. Во позадина на рекламата, пак, оди музика од новата песна на Елена, „The Reason“ која таа ја посвети на нејзиниот починат татко.
Ристеска на својот „Инстаграм“ ја објави рекламата, а нејзините колеги ја шеруваа во кусите приказни на „Инстаграм“ честитајќи и за убавото видео и успех.
View this post on Instagram
Каролина Гочева во описот на „сторито“ напиша:
„Браво другарке, светски“.
Тамара Тодевска напиша дека е горда.
Панчо од ДНК се приклучи кон пофалбите и напиша: Светско, а наше.
И Антониа Гиговка истакна дека е воодушевена од промоцијата.
Инаку, во позадина на рекламата оди музика од новата песна на Елена, „The Reason“ која таа ја посвети на нејзиниот починат татко.