Некогашната македонската пејачка Ноне Неделковска која публиката ја памети по хитовите „Најди малку време“, „Лесно ко 2 и 2“, „Зошто баш ти“, „Немам време јас за чекање“ и многу други, веќе неколку години ја остави музичката кариера и замина на работа на брод.
Со ова нејзина нова работа и ангажман, Ноне го прошета речиси цел свет, па нема каде не беше. Спои и убаво и корисно – ем шетање, ем работење и печалење.
Меѓутоа, пандемијата со коронавирусот која во светот започна уште на крајот на претходната година, а овде во Македонија се појави и прошири во март ни стави кочница на забрзаното темпо на живот, на секојдневието и ни ја промени реалноста.
Повеќе од 2ипол месеци имаше вонредна состојба во државата, полициски час и строги мерки за заштита од коронавирусот. Во тој период кога бевме ограничани со движење или имаше карантин по цели викенди, најголемиот дел од времето го поминуваме дома.
Ноне за времето на пандемијата се врати во родниот Велес и тука е веќе неколку месеци. Во друштво на своето семејство и на своите миленичиња го „турка“ периодот на корона.
Многу од јавните личности се активни на социјалните мрежи, па на различни начини се обидуваа да го поминат времето со своите фанови, следбеници и на тој начин полесно да го поминат овој период.
Ноне имаше вишок на време, а како што истакна и самата и е досадно, па токму по тој повод одлучи да се подружи со нејзините поддржувачи и корисници на социјалните мрежи.
Имено, Неделковска беше располежна да одговара на прашања кои и ги поставуваа нејзините следбеници.
Најчесто поставувано прашање беше дали ќе се врати на музиката, односно дали планира да сними нова песна.
Фановите неколку пати ја прашаа дали ќе се врати на пеењето и кога нова песна, а Ноне одговори:
„Можеби наскоро“, „Можеби“, „Можеби ама тешко“, „Наскоро“, беше непризицна некогашната пејачка.
Исто така фановите ја праша дали има момче, но Неделковска истакна дека не смее да даде одговор.
Таа одговори дека би сакала да живее на Тенерифе во Шпанија.
На прашањето што ќе прави кога ќе заврши целата ситуација, Ноне се пошегува доколку не е луда би одела на одмор.
Фановите побараа Неделковска да се врати на музиката и да сними нова песна, дали ќе ги послуша и повторно ќе ја видиме на музичката сцена останува да видиме.
фото: Инстаграм