Популарната поп дива Џенифер Лопез претходната недела наполни 51 година и покажа дека годините не и можат ништо.
Згодното тело, струкот и мускулите се нејзин заштитен знак и секогаш ги истакнува кога има прилика за тоа. Меѓутоа на последните фотографии, Џенифер без комплекси ги покажа своите несоврешности.
Поп ѕвездата е фотографирана на игралиште за голф во друштво на својот свршеник, Алекс Родригез.
Тие изгледале одлично расположени. Џенифер за оваа прилика облекла маица и здолниште за голф, додека пак Алекс носел бела маица и панталони.
Меѓутоа, она што го привлече вниманието се нозете на пејачката на кои се гледа целулитот.
Со ова Џенифер покажа дека нема комплекси да ги покаже своите несовршености.
фото: профимедиа/гуливергетиимагес