Коронавирусот кој го зафати целиот свет ни го промени начинот на живот, секојдневието, размислувања, но го промени и имиџот на некои познати.
Имено, поради пандемијата подолго време беа затворени фризерските и козметичките салони..
По завршувањето на вонредната состојба тие полека започнаа со работа, а познатите побрзаа да закажат ред и да се фрлат на разубавување.
Некои ја променија бојата на косата, некои ја скратија, други заминаа на меникир, педикир, масажи…Секој по потреба.
По карантинот, некои од познатите излегоа со плус, а некои со минус килограми. Меѓутоа, македонскиот млад пејач и учесник во „Ѕвездите на Гранд“, Огнен Здравкоски по вонредната состојба го промени личниот опис, па изгледа речиси непрепознатливо.
Имено, на последните неколку фотографии на социјалните мрежи изгледа како друг човек.
Има потпорасната брада и ја промени фризурата.
Како ви се допаѓа во вакво издание?