Јавноста втор ден е револтирана од одлуката на град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да ја сруши Универзалната сала без да праша нити еден граѓанин.
Со вчерашната одлука Шилегов буквално предизвика нов земјотрес во главниот град.
Граѓаните револтирани поради тоа што тој три години зборува дека ќе се реновира Универзална сала и дека на тоа место ќе никне модернистички културен центар, а тоа и го ветуваше во својата изборна кампања во 2017 година на локалните избори.
„Новата градска администрација веднаш ќе ги одблокира процесите за реновирање на Универзална сала“, ветува Шилегов во својот мандат.
Истото ветување можете да го слушнете на 2:40 минути.
Инаку претходно пред само девет месеци портпаролот на град Скопје Ваљон Салиху исто така ветуваше дека Универзална сала е култна културна институција во градот и дека штом до крајот на 2019 ќе се донесе идејно решение ќе биде претставено пред граѓаните.
Сепак ова е само уште еден доказ за (НЕ) работата на градските власти која народот ќе ги казни на локалните избори идната година.
Една од револтираните граѓани кои јавно го искажа тоа е и Жанета Трајковска директорката на Институтот за комуникациски студии.
-Еве што беше ставот на Градот САМО пред 9 месеци за Универзална сала. Клучни зборови: “култна културна институција во Градот”, “среќни сме што Владата ја стави Универзална во капиталните инвестиции и ќе помогне финансиски на Градот”, “до крајот на 2019 идејното решение ќе биде претставено пред граѓаните и ќе почне да се реновира”. Што се смени од октомври 2019 до сега?! НемаТ пари или пак, можеби овде паркче, ама Треска има да се изгради до крај?! Не знам, ама ние чекавме план за реновирање, а не за рушење, оти ВИЕ така рековте. Или не сте биле сериозни во ставовите, ни Градот, а богами ни Владата во делот на капиталното инвестирање, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Инаку вчера и актерката Јелена Жугиќ преку статус на Фејсбук му упати порака на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов дека три години ги матка скопјани во врска со Универзнална сала.
-Петре Шилегов,
Три години ги маткаш Скопјани, после предизборните спотови со децата од Златно Славејче на тема- Универзална Сала бренд и приоритет за изградба во твојата програма, потпишавте меморандум за соработа со раста министер култура, па долго време си ја префрлавте топката кој ќе гради, оти нели излезе Град Скопје нема пари па ја префрлавте изградбата на Министерство Култура, па тоа се произнесе дека нема предвидено буџет за таа намена, па добивте пари од влада за реконструкција, чинам 30 милиони денари…па лично ти Петре изјави како одговор на мое советничко прашање мислам октомври 2019, дека до декември 2019 ќе ги информираш официјално граѓаните дали ќе се реновира и реконструира или ќе градите нов објект …
Јули 2020 протнуваш инф за парк и летна сцена на најубавата локација за сала од тој тип, а Градскиот Парк е во непосредна близина?!? При тоа никаков детал каде и кога ќе биде новиот објект на Универзална Сала, оти дури сега ќе почнете дебати за локација на концертната сала…
Во меѓувреме луѓето кои се вработени во културната институција под Град Скопје Универзална Сала, се безбедносно загрозени со секое одење на работа, оти објектот се распаѓа( за вработените ќе адаптиравте спрат од библиотеката Браќа Миладиновци?!?!!!??)…
Просек буџет кој секоја година Град Скопје го доделува на УС иако нема скоро никаква културна активност е 13милиони денари годишно ?!?
-чисто за споредба , со 3 милиони денари во Театар Комедија сум продуцирала три премиери кои полнеле сали и биле профитабилни!!!
Него, “живеј”,
ти Петре ќе си заминеш и ќе дојде друг Градоначалник кој тоа што ќе го вети во предизборната кампања тоа и ќе го исполни?, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.