По бурниот период во Задруга и кавгите со Луна Ѓогани, Анабела Атијас ужива во Дубровник со поранешниот сопруг Андреј.
Со нив е нивната ќерка Бланкица, како и Нина која Анабела ја доби од бракот со Гаги Ѓогани.
Иако Анабела и Андреј официјално се разведоа, признаа дека не можат еден без друг. Атијас ја пречека Анабела кога излезе од реалното шоу, а Андреј се грижеше цело време за Бланкица и Нина.
Сега сите тие уживаат на одмор и се трудат да не се огласуваат кога станува збор за реалното шоу.
Овој пат, Анабела во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија на која се бакнува со екс сопругот, па испрати моќна порака до сите хејтери.
„Ќе ви направев услуга ако бев на сила, но на одмор сум, се бањам во базен и бакнувам со најмилите личности. Гушнете и бакнете и вие некој, ужвиајте како овие на фотографијата, ако имате некој“, напиша Анабела покрај објавата.