Радио Милева

Ѕвездата од „Аватар“ пристигна во Србија

Ѕвездата од „Аватар“ пристигна во Србија

Ѕвездата на филмот „Аватар“, Стивен Ланг, дојде во Србија како продуцент и актер, со цел да го сними продолжението на култниот хорор филм „Не диши“.

Долгоочекуваниот втор дел од еден од најголемите холивудски хитови ќе биде снимен во Србија, а славниот актер и холивудски тим на продуценти пристигнаа од Њујорк за да се запознаат со локациите на снимањето и да поминат извесно време во Белград.

фото:стивен ланг/инсатграм

Во време на скоро целосна стагнација во светската филмска продукција, која нагло беше запрена од пандемијата на вирусот корона, познати холивудски продуценти ја избраа Србија како побезбедна и привлечна локација за снимање на вториот дел од хомер-ремек-делото, што светската публика го чека веќе неколку години.

Снимањето во Србија ќе трае 12 недели, а со прелиминарен буџет од осум милиони, тим од над 300 луѓе во главната продукција ќе работи на различни локации со соработка на голем број српски филмски експерти и работници.

To top