Турската актерка Ипек Билгин (63), која глуми свекрва и мајка на четири сина,Есма Боран во серијата „Истанбулската невеста“ има богата актерска кариера зад себе.
Моментално во серијата која се прикажува на телевизија Сител, таа е во епизодите кога се мажи за нејзината љубов од младоста, но истовремено се присетува на времето кога била млада девојка.
Ипек е активна на Инстаграм, па објави како таа навистина изгледала во младоста во реалниот живот.
Инаку, во нејзината родна земја, Ипек Билгин е добро позната театарска актерка и режисерка, која заедно со нејзиниот покоен сопруг, театарскиот режисер Кањел Халишкур, одбележаа ера. Како долгогодишна професорка на академијата за уметност во Анкара, таа денес создаде многу познати турски актери.