Јутуберот Богдан Илиќ познат како Бака Прасе по скандалите со малолетничката и контраверзните снимки како наводно конзумира недозволиви супстанци, одлучи да се повлече.
Бака Прасе во изминатите недели помина низ тежок период во кој беше обвинет за неколку работи, а една од нив е дека уценувал малолетничка за сексуални услуги.
Токму поради овие скандали, познатиот јутубер одлучи да се повлече барем на некое време.
„Сега се обраќам на луѓето кои се покрај мене и кога е најлошо. Ви благодарам од срце, за се што правите за мене и знам дека ќе ја разберете ова моја одлука да размислам што ќе правам понатаму. Морам да размислам што ќе правам, дали мојата иднина е „Јутуб“ или нешто друго“, вели Бака Прасе.
„Ова ме поремети, ме „фрли“ во размилување на 100 различни начини, така да морам да се соберам, да видам за што се работи, што се случува. Морам добро, многу добро да размислам што ќе правам“ изјави јутуберот.