Британската пејачка Дуа Липа со потекло од Приштина веќе неколку дена на социјалните мрежи ја пропагира идејата за „голема Албанија“.
Многу јавни личности од Србија го осудија нејзиното однесување, а поддршка пратија и светските ѕвезди кои се изненадени од однесување на Дуа Липа.
Фолк пејачот Аца Лукас реагираше на ваквите прозивки на пејачката истакнувајќи дека е поразително што на ваков начин се промовира и дека тоа воопшто не е коректно.
Исто така тој и се огласи и реагираше преку својот „Инстаграм“, а за тоа повеќе може да прочитате тука.
Српската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ за ало.рс го прокоментира овој „испад“ на пејачката.
На прашањето како реагира на тоа што Дуа Липа објави мапа од „голема Албанија“ која ги опфаќа не само Косово, туку и делови од Србија, Македонија, Црна Гора, Цеца вели:
„Нема да трошом зборови на некој кој не ги познава историските факти. Се што можам да кажам е: „Седи мала,единица“, изјави Ражнатовиќ за ало.рс