Милан Станковиќ по долго пауза ги израдува своите фанови со новиот дует „Пабло“ кој го снимаше со Јала Брат и Буба Корели.
„Пабо“ две години чекаше за премира. Кадрите снимени во Мајами и мислам дека успеавме да донесеме уште еден хит и да донесеме малку позитивна енергија во овие не толку позитивни денови. Сакам да и се заблагодарам на публиката што и покрај паузата, ме става на прво место на топ листите и во трендинг“ вели Станковиќ за курир.рс
На прашањето како би реагирал доколку се сретне со директорот на „Гранд“, Саша Поповиќ, некогашниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“, вели:
„Секако, немам проблем да се поздравам“.
Тој откри и за која сума на пари би се вратил во „Гранд“.
„Милион евра е доволно за таков трансфер. А и е фер во време на криза.
Инаку, неодамна Радмила Манојловиќ истакна Милан е единствениот колега со кој се гледа, а често им прави друштво и нејзиниот дечко Харис Берковиќ.
Пејачот накратко ја прокоментира оваа изјава на Рада, откривајќи дали тоа за него нешто е невообичаено.
„Ништо со мене не е невообичаено. Излегувам од кругот на размислувања и немам предрасуди. Посебно затоа што ја ценам Рада како личност, се познаваме и се разбираме. А не е ни чудно после петгодишна врска“.
Тој истакна дека освен со Рада Манојловиќ се дружи и со Весна Змијанац, Николија Јовановиќ и Елена Китиќ.