Прашањата кои следбениците ги поставуваат на Инсатграм, на познатите им стана пракса да ги одговараат, а јавноста на тој начин успева да дознае нешто повеќе за нив.
Овој пат од страната на оние што одговараа прашања беше момчето без кое не можат голем дел од пејачките на нашата естрада, водителките, манекениките…
Станува збор за стилистот за шминка и фрузура и наедно сопственик на салон за убавина, Даниел Николовски.
Елена Ристеска, Антониа Гиговска, Тамара Тодевска, се само мал дел од познатите кои не би можеле да имаат некоја форма на претставување, без да бидат „стокмени“ од талентираниот Даниел.
Исто така и некои од српските пејачки кога доаѓаат кај нас, знаат дека треба да се обратат кај него.
View this post on Instagram
Даниел го следат многу девојки и жени и безрезервно ги прифаќаат неговите сугестии кога е убавината во прашање.
Тој одговараќи прашања на Инстаграм одговори на такво дали добил понуда да учествува во ријалити, на што имаше интересен одговор.
View this post on Instagram
-Искрено не знам зошто секогаш сум добивал покани за баклканскиве реални шоуа, но дефинитивно не е тоа место каде се гледам, освен за некоја посериозна цифра, одоговори Даниел додавајќи и „смајли емотикони“.
Ако тоа некогаш се случи, останаа нашите пејачки без омилениот стилист.