Радио Милева

Како Лила нема друга: Од „Сè или нешто“ до „секаде по малку“ – водителката знае да ужива за сите пари!

Како Лила нема друга: Од „Сè  или нешто“ до „секаде по малку“ – водителката знае да ужива за сите пари!

Лето 2020-та година дефинитивно ќе го паметиме поради коронавирусот.

За разлика од претходните години кога повеќето заминуваа до соседните држави за да уживаат на плажа покрај море, оваа година е многу поразлично, па ќе се мора да се задоволиме да уживаме во убавините на домашна територија, а секако дома си е најубаво.

Некои од јавните личности веќе ја отворија летната сезона и започнаа со уживање на домашен терен, некои во Охрид, други во Дојран, Маврово, а некои пак се испружија во своите дворови…За кого како…

Меѓутоа, Лила Филиповска знае да ужива за сите пари. Водителката поради пандемијата со коронавирусот, ги стопираше снимањата на новите емисии на нејзиниот најпознат квиз „Се или нешто“.

Затоа пак, оваа летна сезона Лила успеа да стигне од „секаде по малку“  односно Охрид – Албанија – Охрид.

Иако овојпат не станува збор за егзотични дестинации кои водителката има пракса да ги посети, сепак најде начин, време и место како да ужива.

Уште кога траеше вонредната состојба, Лила неколку дена уживаше во Охрид, ослободувајќи се од стресот поради короната.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/go-napushti-skopje-lila-filipovska-uspea-nekako-da-stigne-na-plaza-srede-vonredna-sostojba-foto-video/

Меѓутоа, откако неодамна се отворија границите, Филиповска уживаше во својот летен рај во Албанија, а отаму ги почести фановите со неколку фотографии покажувајќи како ги минува деновите.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/za-kogo-kako-lila-go-najde-svojot-letnen-raj-na-more-vo-albanija-foto/

Лила ја има „секаде по малку“, па откако се врати од Албанија таа повторно ужива во убавините на македонскиот бисер – Охрид.

Водителката и од таму бомбардираше со неколку фотографии покажувајќи како ужива.

Од „кулирање“ во базен и разни коктели…

фото: Принтскрин/инстаграм/лилафилиповска

Уживање покрај плажа, убав поглед и рекламирање на прозиводи и продукти…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

До уживање во запенета када и пиење на кафе…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Но, Лила од Охрид забележа и една прекрасна фотографија која нема да ве остави рамнодушни. Имено, Филиповска го фотографираше зајдисонцето во Охрид, а во описот истакна дека не  е фотографија од интернет туку дека лично таа ја направила во улога на фотограф.

фото: принтскрин/инстаграм.лилафилиповска

Лила знае да ужива за сите пари, а се надеваме дека короната наскоро ќе си замине, па ќе можеме да се вратиме на претходната нормала, а водителката на новите снимиња на „Се’ или нешто“.

To top