Водителката Душица Јаковљевиќ помина низ голгата додека се лечеше од коронавирус бидејќи многумина ја нападнаа дека таа ја заразила пола естрада.
По тој повод се огласи и Душица, па ги прокоментира овие обвинувања.
„Во овој момент ми е смешно, но тогаш ни најмалку не ми беше смешно. Според мене, дали сум заразена или не тоа е моја лична работа. Во еден момент беше интересно што многу јавни личности одеднаш започнаа да споделуваат дека се позитивни на вирусот“, вели водителката и додава:
„Цело време апелирав да се носат маски. Се прашувам што е со оние кои седеа дома и имаа полесни симпотми. Јас не заслужив такви обвинувања и таква „хајка“, додава водителката.
Потсетуваме, Душица беше на прославата за раѓањето на внукот на Цеца, а веднаш потоа во медиумите се појавија написи дека водителката има корона.