Радио Милева

Почина холивудската актерка на ден пред својот роденден

Почина холивудската актерка на ден пред својот роденден

Познатата актерка Галин Горг почина на 55 години на 14 јули, еден ден пред нејзиниот роденден.

Актерката која е позната по улогите во “RoboCop 2” , “Twin Peaks” и “Fresh Prince of Bel-Air ја изгуби битката со канцерот.

фото: Принтскрин

Галин е родена во Лос Анџелес, а освен со глума се занимаваше и со танц.

„Толку многу ни значеше. Бидејќи потрошивме толку многу пари за нејзиното лекување, сега бараме донација за нејзиниот погреб. Добредојдена е било каква помош, па дури и молитви“, изјавија членовите на семејството.

фото: Принтскрин/твитер
To top