Српската пејачка Јелена Костов откри дека е заразена со коронавирус, а сега откри како изгледале нејзините првите симптоми.
„Се разбудив со сува кашлица, беше 2часот по полноќ, не можев да спијам. Прво мислев дека е настинка, а утредента не можев да станам од кревет. Имав болки по целото тело, главоболка. Не можев да се свртам, лежев на грб. Температура имав самиот прв ден, имав и болки во стомакот“, изјави Јелена за „Пулс Србија“, па додаде:
„Не ме хоспитализираа бидејќи немам ништо на белите дробови. Чувствував голем страв како и сите, бидејќи сум свесна колку е лош вирусот“, вели пејачката.
Нејзиниот сопруг и син се чувствуваат добро, немаат никакви симптоми.
„Најмногу се плашев поради детето. Тој е добро. Едноствно не е возможно да не го гледам детето, нема каде да го оставам, родителите ми се повозрасни и не е препорачливо да го оставам кај нив“ изјави Костов.
Таа истакна дека на почетокот на пандемијата строго ги почитувала мерките.
„Мене ми се исмејуваа бидејќи строго ги почитував мерките. Два месеци не излегов од стан, сопругот ги донесуваше потребните работи. Од кога се ова започна имав еден мал настап бидејќи не сакав никој да доведувам во незгодна ситуација и да се изложиме на ризик. Единствено нешто што направив е што бев кај родителите еден месец. Бев многу лута на некои луѓе кои се шетаат, а имаат симптоми“, вели пејачката која веќе 20 дена се бори со вирусот.
Костов пред два дена повторно направила тест кој покажал дека се уште е заразена.