Познатиот човечки Кен, Родриго Алвеш, пред неколку месеци изјави дека всушност целиот свој живот се чувствува како жена, а сега повторно шокира.
Имено, тој повеќе од 11 пати го оперирал носот, па сега едвај дише. Покрај операциите, Родриго одлучил да го промени и своето име, а сака и да се оствари како родител, пренесуваат странските медиуми.
“Се развив како личност и човечко суштество. Се родив како трансродна жена. Отсекогаш знаев дека сум жена, си играв со кукли и бев во контакт со својата женска страна. Потребно е да се сакате себеси. Сега би сакал да имам дете и да бидам со некој кој би ме прифатил ваков каков што сум”, изјавил Алвеш и додал:
“Треба да направам уште две или три операции за да ја завршам трансформацијата. Потоа, се колнам, ќе престанам со пластичните операции”.