Пејачката Кети Пери на почетокот на март откри дека е бремена, а еден месец подоцна заедно со својот партнер Орландо Блум открија дека очекуваат девојче.
Кети ужива во својата бременост и едвај чека нивното семејство да се прошири за нов член.
Како што пишуваат странските медиуми, Кети за кума на своето дете ја одбрала актерката Џенифер Анистон.
Извор за „Sun“ вели дека парот не можел да ги задржи солзите кога ја прашале Џенифер да биде кума на нивната наследничка.
„ Кети и Џен се многу блиски. За време на ограниченото движење тие двете редовно одеа заедно на прошетки и поминуваа многу време заедно“, раскажала нивна заедничка пријателка, која за списанието Контактмјузик сакала да остане анонимна.
Анистон е кума и на Коко, шеснаесет годишната ќерка на Кортни Кокс, актерката со која заедно глумеа во култната серија „Пријатели“.
Кети и Џенифер се пријателки повеќе од 10 години.