Саша Поповиќ од претходната година е пензионер и тоа најверојатно најплатениот пензионер во Србија.
Откако својот дел од „Гранд“ го продаде на една странска компанија, Саша Поповиќ заработува плата од 200 000 евра на годишно ниво.
Неговиот ангажман во „Ѕвездите на Гранд“ изнесува 5000 евра по емисија. Тоа значи дека во еден месец, во кој се емитуваат пет емисии од музичкото шоу, Поповиќ ќе заработи 25 000 евра.
Саша сега се води како специјален советник за „Ѕвездите на Гранд“. Тој и понатаму го смислува целиот концепт, кандидатите, составот на жирито.
Како генерален директор на „Гранд“ тој заработувал многу повеќе, но одлучил да го намали темпото.
По повод финасиската ситуација се огласи и ПР службата на Поповиќ.
„Што се однесува до бизнисите на Саша Поповиќ и Гранд само може да се коментира, но не и она што се однесува на неговите приватни работи“.
Инаку, оваа година беа прикинати снимањата на Ѕвездите на Гранд, па една сезона ќе трае две години.