Со доаѓањето на власт на СДСМ пред четири години запреа сите проекти кои беа поврзани со македонската историја и со важни личности.Една од нив е и серијата „Македонија“ која почна да се снима но снимањето беше прекинато. Се раскинаа договорот со продуцентот Јадран Филм, а по сценарио на Александар Русјаков.
Беа планирани 80 епизоди во кој низ разни човечки и љубовни приказни ќе беше доловена и македонската историја. Снимањето беше предвидено да биде во Македонија, Хрватска, Бугарија, Грција, Франција, Русија, Австрија, Италија и други држави. Го опфаќаше периодот помеѓу 1870 па се до 1952 година.
Продуцентот Јадран Филм врз основа на приложеното сценарио веќе имаше склучено дистрибутерски пред договор со најголемата дистрибутерска куќа во Европа, така што освен пред македонските гледачи оваа серија заедно со македонската историја во неа ќе се најдеше пред Тв екраните на повеќето земји во Европа.
Првата епизода се однесуваше на гемиџиите. Во пансион во Париз, каде како млади студенти во Швајцарија, се собираат и ги договараат солунските атентати, Кирков и Шатев се вљубуваат истовремено во газдарица на пансионот каде се сместени, младата годпоѓица Мадлен.
Таа го одбира Кирков, кој подоцна загинува во солунските атентати. Заедно со нив ја пее “налеј, налеј”.
Пет години подоцна Шатев, одкако добива амнестија, се враќа од заточеништво од Африка и оди во Париз да и ја соопшти веста за смртта на Кирков, а таа му кажува дека во меѓувреме немала друг маж и го чекала Кирков да се врати.
Ова е спот од песната “Налеј налеј” од која никој не може да остане рамнодушен без да му дојде наплив на емоции.
Во спотот доминираат снимки од првата епизода каде Павел Шатев е преставен и како млад гемиџија и како возрасен пред неговата смрт прогонуван од комунистичкиот режим.
„Љубов моја, целиот живот мислам само на тебе…. Те сакав жив …. А те мразам мртов. Зар таа те сакаше повеќе од мене? Зар нејзината прегратка е потопла од мојата? А ти..ти истрча да те прегрне толку страсно, толку силно и …..засекогаш. Те мразам како што ги сакав твоите бакнежи,твоите допири и шепот….Зошто ме остави за неа,засекогаш ? Зошто? Која е Македонија? Што е Македонија?“ -прашуваат во серијата главните актери.
Извор: Република.мк