Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ на 23 и 24 јули, во паркот позади Младинскиот културен центар ќе биде одржаното првото издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“.
Првата фестивалска вечер ќе почне во 19.45 часот со настапот на скопскиот џез музичар Филип Букршлиев.
По него настапува веројатно најквалитетниот џез состав во земјава, ветераните „Сетстат“. Потоа, скопските џез музичари „Зулу 3.4“.
Вечерта ќе ја заокружи „Кантон6Квартет“ техно-џез хибрид.
Следната вечер, фестивалот ќе започне во 20 часот.
Настапува светски реномираниот, македонски џез хармоникаш и мулти-инструменталист Јордан Костов со неговиот квинтет.
По него џез триото „Cobalt code unit“.
За крај, скопскиот состав „Светлост: Одрон Ритуал Оркестар“
Влезницата е по симболична цена од 100 денари, а двете фестивалски вечери ќе се одвиваат според сите протоколи предвидени за организација на настани од овој тип, поради актуелната ситуација со коронавирусот.
Задолжително е носење маска, столчињата ќе бидат поставени на 2 метри растојание.
Организаторите на фестивалот апелираат до публиката да се држи до сите норми на однесување, се со цел да се заштитиме меѓусебе и наедно да покажеме пример дека настаните од културата можат да се одвиваат безбедно и во вакви услови.
Бројот на посетители е ограничен на 300 места за седење.