Откако во некои српски медиуми се појави веста дека починала српската пејачка Нада Обриќ, таа се огласи и ги демантираше овие пишувања.
Нада за телеграф.рс вели дека не може да верува со што се занимаваат луѓето, но и дека се чувствува добро.
„Неверојатно е со што се занимаваат луѓето, не можам да верувам. Како што слушате, добро сум, јас сум Нада. Тоа не е точно, сега не сум во можност многу да зборувам“, изјави пејачката.
Пејачката се наоѓа кај својата ќерка во Виена која ја однесе кај најдобрите лекари и приватно оди на хемпотерапии.
Потсетуваме, пред една година, Нада се оперираше од канцер на бешика и беше пресреќна што успеала на време да ја открие болеста.