Радио Милева

Јана Стојановска проговори за детали од приватниот живот и откри која била првата порака која ја добила од сопругот Андрија!

Јана Стојановска проговори за детали од приватниот живот и откри која била првата порака која ја добила од сопругот Андрија!

Македонската актерка Јана Стојановска се породи во септември претходната година и заедно со нејзиниот сопруг, кошаркарот Андрија Бојиќ станаа родители на нивното прво дете, синот Ненад.

Јана се породи два месеци пред терминот, а за голгота низ која поминала тогаш неколку пати раскажа за домашните медиуми.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/jana-stojanovska-se-porodi-predvreme-a-po-dva-meseci-tezok-period-izleze-od-bolnica-i-go-pokaza-sincheto-foto/

Јана беше гостинка во „Живот со стил“ каде што зборуваше за својата кариера, приватниот живот, новото нормално поради коронавирусот.

Таа и откри како со сопругот се одлучиле нивниот син да се вика Ненад, име по нејзиниот починат татко, актерот Ненад Стојановски.

Имено, таа откри дека сакала повеќе некое модерно име, додека Андрија сакал некое традиционално име.

фото: Принтскрин/јутуб/животсостил

Во еден момент тој и предложил да се вика Ненад, а таа била воодушевена од предлогот, но како што раскажува не попуштала до самиот крај.

Имено, кога се породила, прашала во колку часот пристигнало бебето и часовникот покажувал 12 и 52.

„12 не значи ништо посебно, но 52 година беше роден татко ми и си реков – добро ајде Ненад“, раскажува Стојановска во „Живот со стил“.

фото: Принтскрин/јутуб/животсостил

Таа откри како ја освоил и Андрија односно која била првата порака која и ја пратил.

„Можам да кажам дека тоа беше судбински. Ако ние се запознавме во април, тој ми пиша во јануари или декември…. Во тој период поради „Сенки над Балканот“ мојот Инстаграм профил беше полуден и многу луѓе ми пишуваа секакви пораки, а јас на сите им одговарав“ раскажува актерката и продолжува:

„Првата порака што воопшто ми ја напиша беше: „Заради тебе ви потпишал за МЗТ Скопје“, вели Јана и додава дека Андрија подоцна потпишал за МЗТ Скопје.

фото: Принтскрин/јутуб/животсостил

Таа вели дека од денот кога се запознале, не се разделиле.

Јана откри дека по бракот се прозива Бојиќ, но дека како уметничко презиме ќе го користи Стојановска.

Целото интервју може да го погледнете во продолжение.

To top