Познатата Хурем ги извести своите фанови на „Инстаграм“ дека освен со глума започнува да се занимава со уште еден бизнис.
Мерјем Узрели во соработка со пријатели отвара слаткарница во Берлин.
Таа истакна дека слатките ќе бидат здрави.
„Станува збор за вкусни и здрави слатки. Ова е само почеток на прекрасно патување, започнувам во Берлин, а се надевам дека ќе се прошириме по целиот свет. Моите пријатели и јас го создадовме ова место каде што сакаме да се чувствувате како да сте дома и да уживате во слатките со најголем квалитет. Во понуда се веган чоколади, најубавиот сладолед на свет, маслиново масло, кафе, чај и многу други работи“, напиша актерката.