Семејството на македонскиот модел Катарина Ивановска и нејзиниот сопруг Цобе, во септември претходната година се збогати за уште еден член.
Имено, Катарина се породи по вторпат и на свет ја донесе ќерката Кира, а Вања си доби сестричка.
Моделот ужива во секој момент со своите деца и сопругот, па нема проблем на социјалните мрежи да сподели како го поминува времето или пак како ја дои Кира.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/katarina-ivanovska-bez-predrasudi-pokaza-kako-ja-doi-malata-kira-foto/
Особено во овој период кога во светот владее пандемија со корона и повеќето време го поминуваме дома со најблиските.
За разлика од многу жени, кои по породувањето се борат со вишокот на килограми и се обидуваат на секој начин да ја вратат формата пред породувањето, Катарина изгледа нема таков проблем.
Ивановска има витка линија, па така е и откако стана мајка.
Имено, во кусите приказни на „Инстаграм“ таа објави фотка на која позира во минијатурно бикини, а се гледаат нејзините облини и затегнато тело на кое може да и позавидат многу млади девојки.
Вака изгледа Кики само 10 месеци по породувањето.
Кој би рекол дека родила?