Бред Пит се уште целосно не се опоравил од разводот со Анџелина Џоли, па решил да го промени својот живот од корен, пишуваат странските медиуми.
Славниот холивудски актер ненадејно донел таква одлука и смета дека со нови навики ќе заборави на се што му се случување претходно.
Имено, како што наведуваат странските таблоиди, Бред во наредните 12 месеци ќе се откаже од секс, алкохол и ноќни забави, а се зборува дека и редовно оди на терапија и води здрав начин на живот, со надеж дека целосно ќе се излечи од разводот.
Освен тоа што тренира, актерот се храни здраво и целосно е посветен на новиот начин на живот, поради што изгуби 10 килограми.