Лидија Вуќевиќ ја прослави улогата на Виолета Попадиќ во серијалот „Бољи живот“, за која сега зборува.
Таа се пофали дека улогата на Виолета ја одбележа нејзината кариера, како и дека уживала во снимањето.
„Убаво беше да заработам пари во тоа време, затоа направив куќа на Дунав, а од една реклама купив автомобил “, рече Лидија.
Се пишуваше дека нејзината улога некогаш и била понудена на покојната хрватска актерка Ени Беговиќ. Лидија ги негираше овие информации.
“Со години не коментирав за написите во медиумите дека улогата на Виолета била наменета за Ени, но сега ќе ви кажам дека тоа е чиста лага. Со должна почит кон неа, но хрватската актерка никогаш не можеше да игра девојче од вистинско српско семејство”, рече српската актерка.