Нивната љубов ги изненади многумина. Ја криеја долго време, а се излезе на виделина кога Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста, ненадејно се венчаа.
Тогаш Ана забремени и ја роди ќерката Тара. Малку кој очекуваше дека за брзо време ќе се разведат.
Во последно време често се заедно на настапи, имаат и заеднички концерти.
Многумина во јавноста сметаат дека помирувањето е маркетиншки трик за да им донесе поголема актуелност. Но, вистината е поинаква, барем како што вели Ана.
-Кога и да се соочам со некој проблем, само помислувам „и ова ќе помине“, се насмевнувам и се трудам да ги решам проблемите. Мојата судбина е во моите раце. Кога децата во парк ќе се расправаат, по пет минути пак се дружат зашто се деца, важно им е само да си играат. Среќна сум што Стефан и јас го зачувавме тоа детското во нас и што без оглед на тоа што јас нему му ја „скршив играчката“ или што тој мене ми „фрли песок во косата“, можеме да продолжиме да се дружиме, сакаме, уживаме во нашето семејство. Љубовта е посилна од разводот, открива Ана Николиќ .