Кортни Кардашијан откри зошто одлучила да го напушти реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“.
По 13 години, Кортни одлучи да го ограничи своето појавување пред камерите бидејќи се чувствува неисполнето и смета дека атмосферата во шоуто е токсична.
„Снима веќе 13 години, 19 сезони и шест „spin of“ епизоди. Се чувствував неисполнето и тоа стана токсична околина за мене која заземаше голем дел од мојот живот“, изјави Кортни за Vouge Arabia.
Таа објасни дека ја чува својата приватност, а тоа и било невозоможно кога претходно често се појавувала во медиумите.
„Приватноста е нешто што ценам и тешко е да се пронајде рамнотежа меѓу приватните моменти и појавувањето во реланото шоу. Луѓето мислат дека не сакам да работам, а тоа не е точно. Ја следам својата среќа и вложувам енергија во она што ме прави среќна“ вели Кардашијан.
Таа истакна дека е кога е со своите деца се труди да не го користи телефонот.
Реалити ѕвездата одлучи и да го напушти шоуто откако во една епизода дојде до физичка пресметка меѓу сестрите.