Сузана Манчиќ се огласи од Грција и откри како успеала да стигне пред да се затворат границите.
Таа откри како поминала на граница, па откри каква е состојбата со коронавирусот.
„Во последен час пристигнав во Грција. Овде луѓето се придржуваат на мерките, сите се внимателни. Ако одиш во ресторан со друштво, не смее да има повеќе од шест луѓе. Им порачувам на сите да ги почитуваат мерките. Да немав овде сопруг, немаше да ја напуштам Србија“, вели Сузана.
„Додека ќерките ми се добро нема да се грижам. Ќе останам онолку колку ми дозволува работата. Си дадов продолжен одмор. Со сопругот не се видовме 107 дена“, вели Манчиќ.