По неколку годишни шпекулации, атрактивната пијанистка Лола Астанова проговори за нејзиниот однос со поранешниот на Јелена Розга, Стјепан Хаусер.
Лола и Стјепан во еден период свиреа заедно, а бидејќи беа блиски се шпекулираше дека меѓу нив има нешто повеќе од работен однос.
Меѓутоа, Лола тврди дека меѓу нив имало само професионална соработка.
View this post on Instagram
„Направивме една соработка која одекна низ целиот свет, по која тој си го работеше своето, а јас моето. Тоа беше само музика, не приватен однос“ изјави таа за хрватската емисија „Ин магазин“.
Потсетуваме, Стјепан беше свршеник на Јелена Розга, но наместо свадба се случи раскинување.