Радио Милева

По три месеци борба со коронавирусот, почина познатиот актер

По три месеци борба со коронавирусот, почина познатиот актер

По 94 дена борба со коронавирусот во болница во Њујорк почина актерот Ник Кордеро.

Ник беше во многу тешка состојба, а во април неговата сопруга објави дека му ја ампутирале ногата поради компликации со короната.

Актерот зад себе го остави синот Елвис.

„Бог има уште еден ангел на небото. Утринава почина моето најдраго. Срцето ми е скршено и не можам да го замислам животот без неговата светлина. Им благодарам на докторите полни со разбирање. Денес додека умираше се молевме и ја пеевме неговата омилена песна „Live your life“. Се бореше како лав. Те сакаме засекогаш“, напиша неговата сопруга Аманда.

To top