Македонската серија „Преспав“ ја освои публиката, а фановите при крајот на една сезона прашуваа дали ќе се снима продолжение.
Во третата сезона, станарите на пансионот „Преспав“ добија нова газдарица односно Преслава од Бугарија која својот сeкси изглед веднаш ги освои актерите, но и гостите во пансионот.
Преслава или Јана Маринова, е 40 годишна актерка, која играла во над 350 епизоди од различни серии, играла во бугарски и американски филмови, во театарот… и повеќе од тоа.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/koja-e-preslava-novata-gazdarica-na-prespav-foto/
Јана исто така учествувала во рели – трки во кои освоила и пехар.
Таа е активна на социјалните мрежи, па често знае да ги извести фановите за своите активности, нови проекти или како го поминува времето.
Така деновиве таа се пофали дека ужива на плажа покрај Црното Море. Ни пандемијата со коронавирусот, не ја спречи актерката да замине на плажа, да се испружи на сонце и да ги полни батериите и да се ослободи од стресот.
Таа позираше во бело бикини со шарка, но во фокусот е нејзиното згодно, затегнато тело на кои јасно се гледат затегнатите мускули.
View this post on Instagram
Објавата за помалку од еден ден доби повеќе од 6000 лајкови, а под неа се нижеа коментари за нејзиниот изглед, но Јана доби и брачна понуда.
Едно е сигурно – Јана или Преслава е риба ипол во бикини на плажа, а на нејзината фигура многумина може да и позавидат.
Како ви се допаѓа во вакво издание?