Тијана Дапчевиќ и нејзиното семејство го фатија последниот снег од зимската сезона на ски-центарот на Копаоник.
И таман кога почнавме да ја намирисуваме пролетта и потоплите денови, Тијана, нејзиниот син Вук и сопругот Милан, решија да заминат на планина и да уживаат во снежните убавини.
За авантурата и доживувањата да бидат поинтересни, Тијана и Вук решија да научат нешто повеќе за скијањето, па платија часови кај ски-инструктор.
Човек учи додека е жив, па затоа возраста и не е толку важна кога постои желбата.
Тијана за првпат во животот застана на скии, а таквото доживување го сподели јавно на социјалните мрежи за сите да видат колку ја бидува на лизгајќи на снегот.
Одлична е во свирење, пеење, глумење, танцување, а сега е на добар пат и да биде одличен скијач и дополнително да ја оправда титулата на мултиталет.