Откако станаа дел од семејството Ражнатовиќ, животот на сестрите Родиќ стана интересен за јавноста. По Богдана, кој се мажи со синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ и Бојана, која е во врска со Мирко Шијан, синот на пејачката Гоца Божиновска, на редот дојде и најстарата сестра – Наташа Родиќ.
Иако медиумите објавија дека најстарата сестра Родиќ е во врска со Јован Пејиќ, син на пејачката Злата Петровиќ и ТВ водителот Зоран Пејиќ Пеја, вистината е нешто поинаква. Всушност, Наташа го запознала Јован – наследникот на водителот на пејачката, но таа е во врска со друго момче веќе некое време.
Тој е од Нови Пазар и се вика Семир Етемовиќ, а се занимава со приватен бизнис. Има градежна фирма и гради згради. Новото момче на Наташа поседува стан во Белград, каде обично престојува, додека повремено оди во Нови Пазар по работа.
Родиќ и Етемовиќ се запознале за време на нивниот престој на Копаоник во март. Мирко Шијан и тој, како и обично, седеле во главното сепаре на ноќниот клуб во хотелот, каде што биле и сестрите Родиќ. Кога ги виделе, момчињата решиле да им пријдат и така се’ започнало.
Прво, Бојана паднала за шармот на Шијан, додека Наташа малку одолевала и била „потврд орев“. Во тоа време, таа имала долга врска со еден млад човек кој живее во Америка, и кој беше нејзин придружник на свадбата на Богдана и Вељко.
После еден период на дружење, најстарата сестра Родиќ сфатила дека се’ повеќе и повеќе и се допаѓа Семир, а особено ја привлекувал фактот дека тој бил многу убав, нормален и пристоен човек.
Потоа, таа го оставила своето момче и започна врска со новопазарецот, а судејќи според фотографиите со кои ги објавија српските портали, двајцата се заљубени. На една од сликитеСемир и Наташа заедно јадат колачиња, всушност тој ја храни својата девојка, а на другата уживаат едни со други покрај базенот во куќата на мајката на Шијан, фолкерката Гоца Божиновска во Сурчин.
Наташа има 29 години.Семир има 31 година и двајцата се познаваат веќе 4 месеци.
Откако го поминала денот со своето момче кај Мирко, Наташа ги посетила и нејзината сестра Богдана и внукот на Жељко во вилата на Цеца.
Анастасија Ражнатовиќ ги снимила сестрите додека се дружеле и ги објави на својот Инстаграм.
Фото: Инстаграм и Фејсбук принскрин /Приватна архива