Радио Милева нова шлаканица на иста тема

Ако Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна: Во „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина (ВИДЕО)

Ако Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна: Во „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина (ВИДЕО)

Фамозниот видеоспот од изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ во кој е содржана суровата вистина за заминувањето на младите од Македонија во еден правец,  социјал-демократите ги соочи со поразителната вистина од нивното владеење, па цунамито безмилосни напади, невкусни коментари, сурови лични навреди, дрски омаловажувања, тргна… Кави не зборови од богатиот арсенал на приземниот вокабулар на политичките неистомисленици ќе се урне врз плеќите на протагонистите во изборниот рекламен видеоспот, во кој најголемиот број од „отровните пикантерии“ беа фокусирани на главниот лик – младата девојка која разочарана од „безнадежноста и животот во земја на дното“, сака да ја напушта својата татковина… засекогаш!

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tamara-mihajlovska-devojkata-od-izbornata-reklama-za-koja-se-krena-golema-galama-spotot-gi-pogodi-a-reakciite-se-nivna-nemokj-da-se-odbranat-od-svojot-neuspeh-za-seto-toa-shto-vetile-za-mladite-a-nish/

Откако Тамара Михајловска им ја плесна суровата вистина в лице, политичките неистомисленици преку нивните платени мегафони во „невладините режимски“ медиуми и послушните полтрони – дежурни лајачи на социјалните мрежи се обидоа да ја распнат. И опозиционата партија и нивната документарно-уметничка реторика во инкриминираното изборно видео, но најмногу младата девојка која така сликовито и реално си ја одигра својата улога, што соочувајќи ги со дното на кое го доведоа младиот човек во земјава, власта и оние околу неа ги фрли во очај.

Лавина злоба, сексизам и национализам и реки омраза потекоа на социјалните мрежи, обидувајќи се да ги извртат тезите за да ја минимизираат сопствената мизерија во која ја доведоа токму онаа најработноспособната, најкреативната, најинвентивната, најпрогресивната… категорија на граѓани во Македонија – младите.

Откако се потрошија расфрлајќи се со гнасотии и „легнаа на брашното“, следува нова шлаканица на истата тема. Овој пат од човек кој не е политичар, не е член на партија, не е кандидат на ниту една листа освен на онаа која ја составува народот, а на неа гласаат неговите обожаватели и конзументи на неговите песни – музичката Топ листа. И тој и тие се токму од онаа истата категорија која  власта ја испрати да си купи билет за пат во еден правец… За излез од Македонија.

Токму тој, Марко Маринковиќ попознат како Слаткаристика, во својата најнова песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина! Низ стихови што параат душа, им ја стави пред нос македонската слика и прилика за злосторот што им го направија на младите ќерки и синови на оваа земја. Уплашени, понижени, изгубени во бесперпективност, со можност за само еден избор – правец било каде, само не овде… НЕ дома, каде што се најпотребни, НЕ на родното огниште каде што се најсакани, Не на своето каде што најмногу припаѓаат… Туку, некаде надвор по белиот свет, каде пристојно ќе живеат, но својата родна грутка никогаш нема да ја прежалат!

И ако младата политичка активистка Тамара Михајловска во изборниот спот им ја плесна суровата реалност в лице, па збеснаа, Слаткар вистината им ја плесна во песна. Користејќи го мотивот од старата македонска народна песна „Распукала Шар Планина“ го опеа егзодусот на македонската младина. Присилена да мигрира од политичко-економски мотиви, од нефункционирањето на системот, обезличеноста, изопаченоста, полтронството, неправдата, корупцијата, криминалот, неморалот, урнатите вредности… и останатите гадости во кои Македонија се дави!

И бидејќи власта и оние што ја преферираат и поддржуваат, вистината ги погаѓа и толку многу ги боли, што од неа дури и кожата им се ежи,  дали сега и Слаткар како и Тамара ќе се обидат да го распнат на социјалните мрежи?

 

 

 

 

To top