Мегафон

Васил Гарванлиев победи со „Ѓердан“ на реномираниот светски фестивал – „World Folk Vision 2020“

Васил Гарванлиев победи со „Ѓердан“ на реномираниот светски фестивал – „World Folk Vision 2020“

Global Culture Initiative денес ја објави листата со победници на фестивалот World Folk Vision 2020. Во категоријата за најдобра песна победник е македонскиот годинешен преставник на Евровизија – Васил Гарванлиев со песната „Ѓердан“. На овој  глобален фестивал учествуваа над 4000 реномирани уметници  од пет континенти, а гласањето траеше еден месец и воедно беа вклучени 44 члено професионално жири од повеќе земји од светот.  Организаторите известија дека над 26 милиони гласачи од 150 земји  одлучиле за победниците во три категории: инструменти, глас и танц кои оваа година поради новонастанатата ситуација со Ковид19 се одвиваше на нивната платформа онлајн.

„Се’ уште не ми верно, чест ми е што ја претставувам Македонија на ваков светски реномиран фестивал, и особено сум среќен што одлучивме токму со Ѓердан да учествувам – песната која ја посветив на нашата тактовина и која ме врати назад во моето родно место. Оваа награда ја посветувам на сите тие што веруваа во мене, на мојата земја и на сите уметници кои творат и не се откажуваат од својот сон дури и во вакво време“ – изјави Гарванлиев по сопштувањето на резултатите и  веста за победата.

Песната „Ѓердан“ беше објавена во септември 2018, музиката е на Саша Драгиќ, текстот на Весна Малинова со аранжман на Диран Тавитијан.

Ова е историски момент за македонската музичка сцена и прва голема победа на Васил на интернационално ниво. Васил ќе настапи на гранд финалето кое ќе се одржи од 1-7 ноември оваа година во Катар.

https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/vasil-garvanliev-so-zvuci-i-sliki-go-naniza-svojot-muzichki-gjerdan-video/

To top