Свршеникот на пејачката Ана Севиќ, Даниел Недељковиќ, пред пет дена открил дека има коронавирус и оттогаш е во изолација. Живее во одделна просторија во станот каде е заедно со Ана и нејзината ќерка Лорена. Ана со заштита се грижи за болниот, ја подготвува храната и ја остава пред вратата на собата, така што тие не се во директен контакт.
– Точно е дека имам корона, но се чувствувам добро. Моите тестови на крв и урина се одлични. Има многумина од нас кои не знаеја дека имамаат вирус и дека сеносители, па можеби и го пренесовме на другите – вели Даниел на почетокот на разговорот за „Информер“ и продолжува:
– Се сомневав во корона кога носот почна да ми протекува. Ми гребе грлото и се чинеше како обична настинка. Јас направив тест и покажа дека сум позитивен. Знам дека многу луѓе имаат висока температура и завршуваат во болницата, но имав среќа. Дома, добивам инфузија и земам витамини. Треба повторно да се тестирам на крајот на неделава и се надевам на добри резултати.
Без оглед на тоа што Недељковиќ е заразен, неговата бремена свршеница Ана Севиќ и нејзината ќерка Лорена која ја доби од бракот со пејачот Дарко Лазиќ не го фатија вирусот.
– И двете беа тестирани веднаш им пристигнале резултатите. За среќа, и Ана и Лорена се негативни. Сите сме во ист стан, но јас сум раздвоен. Немаме контакт иако сме под ист покрив. Ана подготвува храна за мене, ја носи на вратата и ја остава таму – објаснува бизнисменот.