Романа Паниќ е уапсена во Австралија и осудена е на 12 месеци затвор, а веста ја шокираше јавноста.
Пејачката и нејзиниот партнер Филип беа уапсени за грабеж на банкомат, односно за употреба на систем во кој се евидентирани лица кои користат банкомати, а потоа копирале податоци и банкарски картички.
Романа најверојатно решила да го преземе овој чекор затоа што паднала во големи долгови, кога пред две години позајмила 50.000 евра од лихварите за да купи стан на белградски Вождавац, пишува српски „Информер“. Пејачката наводно оттогаш се наоѓа во финансиски проблеми, па се обидела на секој начин да собере пари и да го врати долгот со голема камата.
„Живееше како подстанар со години и едвај чекаше да има сопствен покрив над главата. Пред две години таа пронајде двособен стан на Вождовац. На Романа и се допадна станот, но немаше доволно пари, па реши да позајми 50.000 евра. За станот беа потребни 30.000 евра, а со остатокот на парите сакаше целосно да го реновира и да го опреми по нејзина желба. Таа позајми пари од лихварите, убедена дека нема да биде тешко за неа да брзо да ги врати. Пресмета дека ќе може да одвојува од хонорарите од секоја тезга и така да излезе од сите долгови за една година. Сепак, имаше се’ помалку и помалку работа, се појавија некои нови и помлади пејачи, почнаа да пејат и ријалити sвездите, па Романа речиси остана без работа“ – вели изворот.
Се тврди дека тоа е причината зошто таа преку ноќ заминала од Србија и во последните две години патувала по Европа и Америка, а стигнала и во далечната Австралија.
„Романа на некој начин беше во бегство, иако беше решена да ги врати парите што им ги должеше на лихварите, па дури потоа да се врати во Србија. Таа ја обиколи по должина и ширина Италија, беше видена во Париз, остана во Мајами некое време, а потоа дури и замина во Австралија. Па, таму клопчето штотуку почна да се одмотува, кога таа ’падна’ поради грабеж на банкомат“ – вели истиот извор.
Фото: Инстаграм принтскрин-Романа Паниќ