Апсењето на Романа Паниќ и Филип М. поради ограбување на банкомати во Австралија не престанува да е главна тема во сите медиуми.
Имено, пејачката и нејзиното момче се уапсени бидејќи поставиле уреди на банкомати, а на тој начин украле податоци на 35 лица. Романа е осудена на една година затвор, а Филип на година ипол.
Српските медиуми сега пренесуваат како изгледаат затворите во Австралија.
Имено, на официјалниот сајт на женскиот затвор, во кој се наоѓа и Романа пишува дека се залагаат за почитување на човековите права. Тоа значи дека на затворениците им се обезбедени пристојни услови, како што се ќелии кои се скапо опремени, а во кои се сместени две затворенички.
Покрај креветот се наоѓа биро на кое се наоѓа телевизор, додека во другиот мал дел е сместен тоалетот. Вратите се метални, а прозорците се во другиот дел од ќелијата и се заштитени со решетки.
Во текот на денот, затворениците имаат на располагање заеднички простории, кујна, дневна, просторија за јадење, библиотека, имаат можност да вежбаат во теретана, како и можност една на друга да ги средуваат фризурите и разни комзетички третмани во салонот за разубавување.
Затворот дозволува две посети во текот на денот во време траење од еден час. Повозрасните од 18 години кои сакаат некого да посетат мора да дојдат половина час порано во корекциониот центар, а на посетителите им е оргнизиран превоз до затворот.
Освен затвореничките кои направиле прекршок, во овој затвор се сместени и мигранти кои чекаат транспорт до друга држава.